fbpx

Маск ќе работи без пари за Tesla?!

Tesla усвои нов систем за плати, според кој основачот на компанијата, Илон Маск, ќе работи некое време без пари

Според новата шема, шефот на компанијата ќе добие надомест кога финансиските бројки на производителот ќе ги достигнат оние вредности што претходно биле планирани. Се разбира, Маск секако не работи за плата на Тесла, но ова дефинитивно ќе предизвика одредени турболенции, бидејќи факт е дека компанијата троши премногу „готовит пари“ што се „факт“, но не се се уште доспеани.

-Илон нема да добие гарантиран надоместок, ниту плата, ни бонуси, ни акции, се вели во соопштението на Tesla за медиумите.

Програмата е донесена за во наредните 10 години, а Маск ќе добие пари во 12 транши. За да ја добие првата, Маск треба да ја зголеми пазарната капитализација на Tesla од 59 милијарди на 100 милијарди долари. Секоја наредна транша е поврзана со зголемување на пазарната капитализација на компанијата за 50 милијарди долари. Така, ако Маск сака да ги добие сите 12 транши, пазарната капитализација на Tesla треба да достигне 650 милијарди долари.

Илон

Но, оваа стратегија исто така гарантира нешто друго, Mаск ќе треба да раководи со компанијата долго време, но за тоа да го прави непречено, акционерите во Tesla мора да го одобрат и да гласаат за тоа.
Според бројките на списанието Forbes за 2017 година, компанијата на Илон Мaск се проценува на 14 милијарди долари.

Минатата година американските медиуми објавија дека Tesla троши 480.000 долари на час, што значи дека до август оваа година финансиската моќ на компанијата ќе биде исцрпена. Се разбира, Макс и неговите колеги се надеваат дека работите ќе се променат, односно се очекуваат многу подобри продажни резултати, особено кога ќе се избалансираат работите околу поконтинуираниот пласман на Model 3.

Поврзани вести

Back to top button