Mazda 3 и CX-30 добиваат нов SkyActiv-G хибриден мотор

Новиот SkyActiv-G испорачува 150 КС и ќе биде достапен во Mazda 3 и кросоверот CX-30 на европскиот пазар

Актуелната Mazda 3 претставува столб на јапонскиот бренд од повеќе причини, почнувајќи од SkyActive-X моторните опции. Во Европа исто така е достапен 1,8-литарскиот турбодизел, а што се однесува до SkyActiv-G бензинците, M Hybrid системот од сега носи два избори.

Mazda ја проширува моторизацијата на своите два компактни модели во Европа, Mazda 3 и Mazda CX-30 со воведување на бензински агрегат со ознаката SkyActiv-G 2.0 150 М Hybrid. Станува за посилна варијанта од постоечкиот мотор SkyActiv-G 2.0 122 M Hybrid.

SkyActiv-G

Со модифицирањето на контролната „ECU“ единица, Mazda го поправи и максималниот вртежен момент. Технологијата со автоматски систем за деактивација на цилиндрите со цел да се намали потрошувачката на гориво е стандардна, што на SkyActiv-G моторите им овозможува да функционираат во режим кој подразбира работа на само два цилиндри при помали оптоварувања.

Како и неговата послаба верзија, новиот 2,0-литарски атмосферец со четири цилиндри и припаѓа на групата таканаречени „благи“ хибридни погонски системи, а во состојба е да произведе 150 коњски сили. Mazda засега не го обелодени податокот за максимален вртежен момент на моторот, но се наведува дека тој е достапен од 4.000 вртежи во минута.

SkyActiv-G 2.0 150 M Hybrid ќе може да се нарача во комбинација со 6-степен мануелен менувач или опционен SkyActiv-Drive 6-степен автоматик. За жал, AWD верзијата не е достапна. Оние кои сакаат SkyActiv-G со погон на сите четири тркала ќе мораат да се одлучат за верзијата со 180 КС и 224 Nm.

Остатокот од моторизацијата за Европа останува непроменет. На располагање и понатаму е SkyActiv-G 2.0 122 M Hybrid со 122 КС и 213 Nm. Тука е и SkyActiv-X 2.0 180 M Hybrid како најсилен бензинец во гамата со 180 КС и 224 Nm, единствениот дизелаш е четирицилиндричниот SkyActiv-D 1.8 со 116 КС и 270 Nm.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close