Mazda го претстави целосно новиот CX-50
Новиот кросовер на Mazda со ознаката CX-50 пристигнува со цел проширување на гамата на јапонската марка на северноамериканскиот пазар
Mazda го извлекува максимумот од новото партнерство со Toyota. Како прв модел направен во САД во заедничкиот Mazda Toyota Manufacturing погон во Алабама, новиот CX-50 ќе пристигне на пазарот следната година со нагласен и агресивен дизајн, прекрасен ентериер и две достапни моторни опции.
Новитетот на јапонскиот производител е нешто поголем од, за нас многу попознатиот CX-5, но точните димензии не се објавени. Имено, идејата на развојниот тим е да се испромовира новиот модел како адаптиран кросовер за употреба во тешко пристапни терени, па фокусот секако е на таквиот вид на клиенти.
За напојувањето на базичниот CX-50 е природно аспирираниот 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат, а достапна е и турбо 2,5-литарска опција. Точните спецификации ќе бидат објавени нешто подоцна, а двата мотори се во комбинација со базична шестстепена автоматска трансмисија и погон на сите четири тркала. Од Mazda велат дека хибриден модел и повеќе електрифицирани верзии на CX-50 ќе бидат достапни нешто подоцна.
Стандардниот i-Activ систем за погон на сите четири тркала се одликува со карактеристика за подесување на возачкиот режим, или како што Mazda го нарекува – Mi-Drive. Со ова, возачите можат да го подесат начинот на возење меѓу Normal, Sport и Off-Road, зависно од условите на патот.
Препознатлив дизајн со нагласени авантуристички карактеристики
Екстериерот на CX-50 го задржува препознатливиот Kodo дизајнерски јазик на брендот, но со дополнителна авантуристичка црта. Типично за ваквиот тип на возила, тука се црните пластични заштити на сводовите над тркалата и предниот дел, со дополнителни покривни шини за дополнителна разновидност.
Во внатрешноста изгледот е фокусиран кон возачот, што е препознатливо за Mazda, комплетирано со премиум материјали и додатоци. Седиштата добиваат уникатна „модерна надворешна“ естетика која нема да се најде во остатокот од поставата, заедно со Terracotta бојата на ентериерот и панорамскиот сочнев покрив. Mazda исто така ги подеси и просторите за складирање за подобро да ги пресретне потребите на авантуристите.
Mazda не ги објави деталите околу цените за новиот CX-50 се уште, но производството на кросоверот започнува во 2022 година, а моделот би требало да се најде во продажба подоцна следната година. Засега нема најави за пласман на европскиот пазар.