НАСЛОВНАСАЕМИ

Новата ера за Mazda започнува со салонот во Токио

Јапонскиот производител Mazda објави почеток на „нова ера" за компанијата, која ќе започне на салонот во Токио на 25-ти октомври

Таму компанијата ќе претстави два концепциски модели, како и сосема нов бензински мотор од семејството Skyactiv-X.

Првиот од двата модели ќе биде компактно остварување кое треба да ја демонстрира најновата технологија на Mazda. Во неговата основа ќе биде архитектурата Skyactive-Vehicle. Под хаубата ќе има мотор од новото семејство Skyactive-X, кој користи иновативен развој – палење на бензинска-воздух смеса под притисок.

Компанијата најавува дека користењето на оваа технологија ќе ги направи Skyactiv-X моторите 30% поефикасни и поекономични од постојните Skyactiv-G единици. Покрај тоа, во просек со истите 30%, вртежниот момент на новите мотори ќе се зголеми.

Mazda SkyActive-X

Самите Јапонци признаваат дека нема да се откажат од користењето на свеќички за палење кај своите мотори и моторите од семејството Skyactiv-X, но сепак во моментов тоа претставуваат само „преодна фаза”. Мешавината ќе може да се запали само кога работи со мала брзина.

При поголеми оптоварувања, како и порано, ќе се користат свеќички. Очекувањата се првиот модел со мотори од семејството Skyactiv-X да биде следната генерација на Mazda3 што ќе се појави во 2019 година. Најверојатно во Токио компанијата ќе покаже токму предвесник на овој модел.

Mazda SkyActive-X

Втората премиера на брендот ќе биде концепт-модел со 4 врати, а според најавата на компанијата ова ќе ни го прикаже новиот дизајн на брендот кој во иднина ќе се применува во сите модели што пристигнуваат. Ова претставува уште подлабок израз на философијата на Kodo дизајнот, кој Mazda го креира во последниве години. Нема други информации за возилото.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker