fbpx

Mazda Vision Coupe е најдобар прототип во Женева

Mazda Vision Coupe е избран за најдобар прототип на салонот за автомобили во Женева

Ова беше соопштено за време на специјалниот настан Car Design Night. Дебито на јапонскиот концепт беше во декември минатата година во изложбениот салон во Токио, а ова му е европска премиера.

Жирито на конкурсот беше составено од 18 луѓе, вклучувајки ги главните дизајнери на најголемите производители на автомобили. За Mazda Vision Coupe, ова е втора награда, откако автомобилот беше прогласен за најубав прототип за 2017 година.

Купето со четири врати има 21-инчни тркала, а за изгледот се користат дрво и кожа. Голем дисплеј се наоѓа на врвот на централната конзола. Претставниците на јапонската компанија не открија технички карактеристики за прототипот.

Поврзани вести

Back to top button