Mazda3 доби и TCR варијанта со 350 коњски сили

Touring Car Racing сега стана уште поконкурентен со дебитирањето на новата Mazda3 TCR

Mazda е најновиот производител на автомобили кој се вклучи во Touring Car Racing – TCR, откривајќи ја целосно новата Mazda3 TCR. Автомобилот ќе го направи своето деби на тркачката стаза на дербито на 26 јануари 2020 година кај Rolex 24, како дел од 2020 IMSA Michelin Pilot Challenge и ќе биде понудена за 175.000 американски долари.

Mazda3 TCR го задржува впечатливиот дизајн на хечбекот, со додавање на низа сериозни аеродинамички компоненти, вклучувајќи храбар преден сплитер, карактеристични странични прагови и големо фиксирано задно крило.

Mazda3 TCR

Ваквата изведба на Mazda ќе биде погонувана од четирицилиндарски турбо мотор кој испорачува моќност од 350 коњси сили преку шест-степен рачен менувач. Автомобилот е развиен во соработка со Long Road Racing, кој е исто така одговорен за автомобилот Global Mazda MX-5 Cup и е хомологиран да се натпреварува на кое било од 36-те првенства одобрени со TCR низ целиот свет.

„TCR претставува одлична можност за нас да ја покажеме новата Mazda3 и да им обезбедиме на нашите клиенти друга авенија за да се тркаат со возилата на Мазда“, рече претседателот и главен извршен директор на Mazda во Северна Америка, Масахиро Моро.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close