НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

McLaren го претстави својот нов супер-модел

Единицата McLaren Special Operations (MSO) на британскиот производител претстави специјална верзија на моделот 570S, која го носи името MSO X

Супер- моделот излегува во серија од 10 примероци, кои веќе се произведени и предадени на новите сопственици.

Интересно е дека сите автомобили се продадени од ист дилер фирмата McLaren Newport Beach, кој работи на Западното крајбрежје на САД. Таа најде клиенти за 10 автомобили, кои што биле платени однапред. Значи британскиот производител ги направил автомобилите откако веќе ги добил парите за нив.
McLaren

Појавата на MSO X во голема мера користи елементи од 570S GT4 тркачката верзија. Неговата каросерија е целосно обоена во стилот на тркачки автомобил од 90-тите години на минатиот век. Автомобилот доби подобрувања во аеродинамиката, а се зголемува потисната сила во свиоците. За ова многу помага и спојлер поставен на задниот дел од капакот на моторниот простор. Ова обезбедува 100 килограми сила на притисок на задните тркала.

McLaren
Промени на моторот – 3,8-литарски V8 Twin-Turbo со моќност од 562 КС, не се пријавени. Меѓутоа, во внатрешноста, додадени се јаглеродни и алкантарни елементи. Седиштата исто така имаат специјални безбедносни ремени во шест точки.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close