fbpx

McLaren произведе 15.000 автомобили

McLaren Automotive објави дека седум години по почетокот на производството, компанијата стигна до модел со сериски број 15.000

Јубилејниот автомобил на McLaren Automotive е 570S Spider во Curacao Blue сина боја и доаѓа само 18 месеци по надминувањето на производствената граница од 10.000 единици за брендот. Во изминатата календарска година, продажбата на компанијата достигна 3.340 единици.

McLaren 570S Spider беше претставен официјално во јуни минатата година, со базна цена од 164.750 фунти.

Тој e за 46 килограми потежок од 570S Coupé и доаѓа со тврд покрив, кој може да биде склопен / отворен за 15 секунди дури и при движење со брзина од 40 km/h. Изведбата 570S Spider е опремена со 3.8 литарски twin-turbo V8 мотор, кој генерира максимална моќност од 562 коњски сили, вртежниот момент изнесува 600 Nm и e во спрега со седум степена роботизирана менувачка кутија.

Автомобилот е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 3,2 секунди, од 0 до 200 km/h за 9.6 секунди и да развие максимална брзина на движење од 328 km/h. Паралелно со ова за запирање од 200 km/h до 0 се потребни 5,3 секунди и 130 метри, а од 100 km/h до 0 показетелите се 3,2 секунди и 32 метри.

McLaren

 

Поврзани вести

Back to top button