Mercedes A-Класа Sedan најаеродинамичен сериски автомобил во светот

Mercedes-Benz откри нови детали за новата верзија седан на A-Класа, кој е развиен во Германија и ќе се произведува истовремено во Мексико и Германија

За новиот пазарен предлог, кој ќе биде пуштен во продажба пред крајот на годинава, од марката коментираат дека со коефициент на отпор на воздухот од 0,22, кај фронтална површина од 2.19 метри, четиривратниот модел е најаеродинамичното сериско возило во светот. Од Mercedes-Benz додаваат дека добрата аеродинамика е клучен фактор за постигнување на подобрена горивна економичност при секојдневна употреба.

За целта, од компанијата положиле огромни напори и кон најмалите детали на конструкцијата и дизајнот, па како резултат на тоа имаме врвни индикатори, како од компјутерските анализи, така и од реалните тестови во воздушен тунел во развојниот центар во Зинделфинген.

Mercedes

Од Mercedes-Benz работеле исклучително сериозно врз прилагодување на индивидуалните елементи, специјалните модификации околу предните светлосни блокови, речиси целокупното исполнување на подподовата конструкција со панели и друго.

Дизајнот на предниот и задниот спојлер на A-Класа Sedan е дополнително оптимизиран. За да се обезбеди воздушно струење со помал отпор околу гумите, тркалата се со посебен дизајн, а во зависност од пазарите, клиентите ќе можат да нарачаат и специјална ламелна предна решетка, со која се намалува значително количество на проток на воздух кон моторниот простор.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close