fbpx

Mercedes-AMG CLS 53 со команди на иднината

Магичните команди на Mercedes-AMG CLS 53 може да бидат иднината на контролата врз инструмент таблата

Колку се поинтуитивни контролите, толку полесно можеме да се навигираме низ менито и колку пофлуидно можеме да ги најдеме автономни одлики за возење, толку повеќе можеме да се фокусираме на други задачи – како пиење кафе или тестирање.

Во неодамнешен тест на Mercedes-AMG CLS 53 две копчиња за контрола на допир, како што ги нарекуваме, го направиле возењето попријатно. Возачот можел лесно да го помести левиот палец кон „магичното” копче на левата страна, за да управува со дисплејот кој се наоѓа над управувачот (воланот) и потоа, да го употреби десниот палец за го допре десното и да се движи низ менијата за главната централна конзола.

За оние кои користеле, користењето на палците потсетува на контролирање на Apple iPad. Го држите уредот со прстите, а допрете икони и ги менувате менијата со палците. Во дизајнот на интерфејс, референтните точки кои ги користиме се клучни за тоа како управуваме.

CLS 53

Лошо дизајнираниот интерфејс е оној што е незгоден за управување, како виткање на прстите околу екранот или извршување дејство кое делува неприродно. Сепак, се сретнуваат такви модели кај некои производители. Проблемот со лошо дизајнираните интерфејси е дека еден ден наскоро или барем во наредните 20-30 години, ќе се потпреме на интерфејси за да управуваме со возењето, можеби дури и во автомобили без волан или педал за кочење или забрзување. Автомобилите ќе треба да бидат интуитивни.

Команди кои едноставно работат

Кај CLS 53, командата на палецот се чувствува природно, очигледна и добро позиционирана. Во главниот приказ на дисплејот лизгате надесно, за да го контролирате левиот дел од екранот, потоа се движете нагоре и надолу за да дојдете во менијата. Ако го направеле тоа уште полесно, тогаш Mercedes веројатно ќе требало да му плати авторски права на Apple.

Кога се користи десното копче за контрола на допир, кое е за екранот на централната конзола, се разгледуваат нагодувањата за самиот автомобил.

CLS 53

Ако направиме мала споредба на овие копчиња со други контролни интерфејси, тие „едноставно работат“ и даваат природно чувство. Многу често, контролата на интерфејсот кај некои модерни автомобили делува необична и нагла. Курсорот скока од едно до друго нагодување. Кај CLS 53, со лизгање на копчето чувствително на допир, имате целосна контрола врз тоа колку брзо се движи курсорот.

Ова е поважно отколку што мислите. На многу патувања до работа, возејќи по регионални патишта и на автопат, во тргни-застани сообраќај,возачот бил во можност да се фокусира на патот и едвај требало да погледне во дисплеите. Копчињата се продолжување на воланот. Возачот го пресметал времето поминато во нагодување на уредот во споредба со другите автомобили и добил резултат половина од времето, најмногу затоа што рацете веќе му се потпрени на воланот.

Кога вниманието на возачот не се одвлекува, а интерфејсот е пофлуиден, уживањето во возењето ќе биде поголемо или фокусот ќе може да биде насочен на други задачи кога автомобилот вози сам. Оние кои го тестираа овој автомобил со нетрпение ги очекуваат тие времиња, особено откако тестираа автомобил кој има подобри команди на допир.

Поврзани вести

Back to top button