fbpx

Mercedes-AMG го претстави перформансниот кросовер GLE 63 S Coupe

Mercedes-AGM GLE 63 од новата генерација дебитираше во ноември минатата година во Лос Анџелес, а неговата Coupe верзија ќе може да се види во март во Женева

Потпомогнат од благиот хибриден систем новиот Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe располага со повеќе од 630 КС. На врвот на понудата за атрактивното каросериско издание на SUV Coupe на Mercedes, GLE, сега е верзијата која ја напојува 4,0-литарскиот битурбо V8 мотор на AMG кој со асистенција на благиот хибриден систем EQ Boost, кој во суштина е 48 V стартер-генератор.

Инаку, моќниот SUV располага со 571 КС и 750 Nm во обичната верзија, односно 612 КС и 850 Nm во посилната S варијанта што му овозможува максимална брзина од електронски ограничени 280 километри на час. Со веќе споменатиот EQ Boost систем, Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe добива дополнителни 22 КС кој го помага конвенционалниот мотор во моментите кога тоа е потребно.

За преносот на силата на двете осовини (4Matic) кој е потпомогнат со електронски контролирана блокада на задниот диференцијал задолжен е деветстепениот автоматски менувач AMG Speedshift, а ова купе со високи перформанси за сите прилики од 0 до 100 километри на час стигнува за 3,7 секунди и развива електронски ограничени 280 километри на час.

GLE 63 S Coupe доаѓа со богата опрема

Кога станува збор за внатрешноста, тука се разбира се е на високо ниво. Седиштата се преслечени во Nappa кожа, додека инсертите од карбон се видливи во целата кабина. Секако, тука е и неизбежниот MBUX систем со веќе познатата поставка со два екрани, каде едниот екран ја има улогата на инструментална табла, додека другиот се користи за инфозабавниот систем.

Со AMG пакетот пристигнуваат и Panamericana предниот грил, AMG aero body китот, посилни кочници, AMG спортскиот издувен систем… Во богатата стандардна опрема е и адаптивниот воздушен систем на потпирање со активни стабилизатори, а тука се и специјалните 22-инчни алуминиумски фелни во црна боја зад кои се наѕираат огромните дискови на кочниците кои со доплата можат да се добијат и во карбон-керамичка комбинација.

Почетокот на продажбата и цената на еден од најмоќните SUV на денешницата се уште не се објавени.

Поврзани вести

Back to top button