Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe добива plug-in хибридна верзија
Mercedes-AMG ќе ја надополни својата гама во 2020 година со лансирање на plug-in-хибридна верзија на GT 4-Door Coupe
Потврдено за Road & Track за време на Саемот за автомобили во Лос Анџелесод шефот за управување и продажба на AMG Мајкл Нолер, автомобилот ќе добие V8 погон и ќе придонесе во GT поставата со вклучување на сè, од високо перформансен plug-in хибрид до екстремен Black Series модел.
Доколку се вратиме на AMG GT концептот од 2017 година, кој претставуваше преглед на GT4, ќе видиме дека тој беше опремен со електрифициран 4,0-литарски твин-турбо V8 мотор, кој произведува повеќе од 800 коњски сили. Во извештајот од средината на 2018 година, шефот на AMG Тобиас Моерс потврди дека погонот ќе биде пуштен во производство „еден ден“, и ако го задржи излезот, тогаш ќе го направи PHEV GT4 побрз и помоќен од GT 63 S.
Нолер рече дека моделот ќе биде претставен следната година, околу истото време кога ќе биде претставена и Black Series варијантата на 2-Door GT. Духовниот наследник на SLS AMG Black Series e веќе виден за време на тестирањата и се очекува неговата најмоќна верзија да биде опремена со 4,0-литарскиот твин-турбо V8 мотор.