fbpx

Mercedes-AMG GT 63 S е новиот рекорд на Nürburgring

Mercedes-AMG GT 63 S го постави рекордот на Нурбургринг за модели со четири седишта. Автомобилот ја помина патеката од 20,8 километри за 7 минути и 25,41 секунда, а снимката од камерата е споделена на YouTube.

Mercedes-AMG GT 63 S е опремен со 4.0 литарски V8 мотор кој развива 640 КС и 750 Nm вртежен момент. Моторот е во комбинација со 9-брзински автоматски менувач, а забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,2 секунди, додека максималната брзина е 315 km/h.

Зад воланот на моделот беше еден од инженерите на Mercedes-AMG – Демиан Шефер, кој добро се справи со патеката. Интересно во овој случај е дека времето на германскиот модел е малку помало од оној на официјалното евидентирано на Jaguar XE SV Project 8.

GT 63 S

При преминувањето на Северниот лак, Mercedes-AMG GT 63 S беше во својата стандардна верзија. Германската марка, исто така, има уште еден рекорд на Нирбургринг, со моделот Mercedes-AMG E63 S кој има моќ од 612 КС, а истито направи круг во време од 7 минути и 45,19 секунди.

Рекордот на Lamborghini Aventador SVJ е 6 минути и 44,97 секунди, а апсолутно најдобро достигнување е Porsche 919 Hybrid Evo – 5 минути и 19,55 секунди.

https://www.youtube.com/watch?v=4bgLjcX6NU4

Поврзани вести

Back to top button