Mercedes-AMG GT Motorsport Collectors Edition инспириран од F1
AMG ќе приоизведе 200 единици на Motorsport Collectors Edition, секое опремено со карбонска облога и боја позајмена од тркачкиот Petronas F1
Mercedes-AMG во годинешниот F1 шампионат тешко успева да биде во чекор со тимовите на McLaren, Red Bull и Ferrari, но тоа не ја спречува марката да го лансира специјалното Motorsport Collectors Edition издание на купето AMG GT кое е инспирирано од Formula 1.
Базирано на на 63 Pro 4 Matic+ кој беше претставен претходно оваа година, новото специјално издание е ограничено на 200 единици. Секој болид носи боја инспирирана од онаа што ја носеа F1 болидите на AMG спонзорирани од Petronas во текот на оваа сезона, а исто така и во 2023 година.
GT во Obsidian Black металик боја делува мошне мистериозно и „темно“, особено кога ќе се додаде вообичаено опционалниот пакет AMG Nite што го заменува хромот со затемнети елементи. Но, оваа оваа верзија има рачно насликани ѕвезди на задниот дел и светли ленти во корпоративната аквамарин боја на Petronas.
Благодарение на овие детали особено се истакнуваат страничните прозорци, праговите, бандажите на тркалата од 21 инчи и доводите за воздух на предниот браник, а се користат и на огромните шапи на системот за сопирачки од карбон. Внатре има повеќе вакви акценти, каде што осветлените прагови на вратите, амбиенталното осветлување и спортските седишта обработени во мешавина од Nappa кожа и ткаенина од микрофибер, сите ја имаат препознатливата нијанса на Petronas.
F1 „шминкањето“ не ја зафаќа погонската група, чијашто фокусна точка е истиот 4,0-литарски би-турбо V8 мотор што се користи во другите GT. Но, бидејќи се базира на GT Pro, Motorsport Collectors Edition произведува 612 КС, наместо 585 КС што ги дава обичниот GT 63 4Matic+. AMG тврди дека од нула до 100 км/ч се стигнува за 3,2 секунди, пред да се достигнат максималните 317 км/ч).
AMG не ги откри цените за 200-те автомобили или дали некој е претходно продаден.