fbpx

Mercedes подготвува нов мотор за хечбекот A45 AMG

Мошне јасно, во Mercedes-AMG не помислуваат да отстапат од борбата помеѓу двата најмоќни сериски хечбек-модели на планетата - A45 и Audi RS3

Компанијата од Штутгарт, како најавуваат медиумите, работи на втората генерација на возилото, што ќе се потпира на помоќен мотор.

Според информациите, хечбекот ќе се потпре на новата верзија на тековната W133, која развива 381 КС. Ќе се вика W177 и ќе има над 400 КС. Моторот ќе ја преземе главата на картерот и главата на цилиндерот од една од најновите единици Mercedes-AMG-M260. Идниот Mercedes-AMG A45 исто така ќе биде опремен со комплетно нов погон на четири тркала. Тој ќе работи порамномерно, а ќе му овозможи на хечбекот да биде целосно еднаков на Audi RS3, кој во моментов е побрз.

Mercedes-AMG

Се очекува новиот хот-хеч на Mercedes да крева 100 km/h од место за 3,9 секунди, a тоа ќе се случува со помош на дополнителни фрлач-генератор, Шto обезбедува повеќе моќност при ниски вртежи. Сегашниот модел има потреба од 4,2 секунди за сличната дејност.

Поврзани вести

Back to top button