fbpx

Mercedes-AMG лансира три уникатни тркачки возила во чест на Red Pig

Историската победа која го стави Mercedes-AMG на мапата на големите мотоспорт достигнувања сега добива потсетник со три специјални возила

Пред речиси 50 години, Mercedes-AMG преку ноќ стана големо име во мотоспортот на 24-часовната трка на Spa-Francorchamps. Со Mercedes-Benz 300 SEL 6.8 AMG како свој натпреварувач, тогаш младата перформансна фирма победи во својата класа и го освои второто место во севкупниот поредок со што Red Pig, моделот со кој се натпреваруваа, стана препознатлив за сите. На крајот Aulfrecht-Melcher-Großaspach се издигна на големата мотоспорт сцена – претставувајќи ги трите букви – AMG – кои денес сите ги знаеме.

За да се прослави историското мотоспорт деби во 1971 година, Mercedes-AMG лансира три уникатни и единечни автомобили кои го рефлектираат легендарниот Mercedes Red Pig, наречени „50 Years Legend of Spa“.

Ограничената серија на „50 Years Legend of Spa“ тркачките автомобили се содржани од еден Mercedes-Benz SLS AMG GT3, еден Mercedes-AMG GT3 (моделска година 2016) и актуелната еволуциска верзија на Mercedes-AMG GT3. Само по еден од овие примероци ќе бидат создадени, што ги прават овие машини наменети за патеката навистина уникатни и ретки.

Уникатни детали во ентериерот

Очигледно, трите модели ја носат препознатливата црвена „униформа“ која потсетува на победничкиот 300 SEL 6.8 AMG, но наместо бројот 35, секој од овие модели пристигнува со бројот 50, што е јасна алузија на јубилејот, заедно со форми и бои на спонзорите кои ги имаше Red Pig на Спа во тоа време.

Во внатрешноста, ограничената едиција на овие тркачки возила ги комбинираат своите уникатни карактеристики со униформирана Graphite Metallic Matte финиш плус инструмент панел во карбон. Панелот исто така пристигнува со плакета која е потсетник на јубилејот со оригиналниот потпис на основачот на AMG, Ханс Вернер Ауфрехт.

Техничките спецификации на секоја специјална верзија на тркачките автомобили се речиси задржани, со исклучок на нерегулираниот перформансен издувен систем. Ова му овозможува на AMG со 6,3-литарскиот V8 мотор и неговите 650 КС да бидат ослободени без никакво воздушно ограничување.

Специјалната верзија на овие тркачки автомобили ќе биде јавно објавена за првпат за време на годинешното издание на 24 часа СПА, заедно со реплика на легендарниот Mercedes-Benz 300 SEL 6.8 AMG Red Pig. Кога станува збор за цените, АМG GT3 2016 ќе се продава за 500.000 евра, додека унапредената верзија ќе чини 575.000. Од друга страна, SLS AМG GT3 ќе може да се добие за 650.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button