Модел на Mercedes, сеуште не е излезен, се продава двојно повеќе?!
Моделот AMG Project One е објавен за продажба на германската веб-страница Mobile.de, иако производство се уште не е започнато
Салон за продажба во Минхен ветува дека ќе испорача автомобил во втората половина од 2019 година, за сума од 4,51 милиони евра.
Официјалната цена на AMG Project One изнесува 2,27 милиони евра. Тој беше претставен на Салонот за автомобили во Франкфурт, во септември. Машината е опремена со хибридна моќна единица од над 1.000 КС. Вклучува 1.6-литарски бензински турбо V6 мотор, 8-брзински роботски менувач, 5 електрични мотори и сет на литиум-јонски батерии.
AMG Project One
Забрзувањето од 0 до 200 km/h во ова возило трае помалку од 6 секунди и максималната брзина е 350 km/h. Само на електрична енергија ова остварување може да мине 25 километри. Mercedes ќе произведе 275 такви автомобили, од кои сите се продадени. Очигледно, некој од купувачите одлучил да се откаже од автомобилот и да направи „сериозни пари“ со неговата препродажба.