ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Mercedes-AMG со најмоќниот четири-цилиндарски мотор

Новиот турбо мотор на Mercedes-AMG од ултрамодерно производство, претставува најмоќниот четири-цилиндарски мотор во светот

Произведен во Афалтербах, со моќност од 416 коњски сили, ново развиениот 2,0 литарски M 139 мотор на Mercedes-AMG е најмоќниот мотор со четири цилиндри во светот од сериско производство.
Со овој мотор, Mercedes-AMG дури го надмина претходно најмоќниот M 133 мотор со цели 40 КС. Покрај моќноста, зголемен е и вртежниот момент од 474 Nm на 500 Nm. Со излез до 208 коњски сили по литар, новиот високо перформансен турбо мотор на Mercedes-AMG е рангиран дури над многу од добро познатите мотори на супер автомобилите.

Новиот, високо ефикасен мотор се произведува на иновативна производна линија во Афалтербах, на принципот “Еден човек, еден мотор”, каде моторот е комплетно рачно составен. Достапен е во две излезни верзии за компактните модели на Mercedes-AMG и тоа со 416 коњски сили за S-моделот и 382 коњски сили за основниот модел.

Покрај бројните перформанси, новиот мотор исто така импресионира и со екстремно брз одговор. За таа цел, кривата на вртежен момент е внимателно избалансирана со “обликување на вртежниот момент”, каде врвниот вртежен момент од 500 Nm е достапен во опсег од 5000-5250 вртежи во минута, односно 4750-5000 вртежи во минута кај основната верзија.

Mercedes-AMG

„Ние веќе го поставивме реперот во сегментот со претходниот мотор. Со бројни револуционерни решенија, го креиравме новиот четири-цилиндарски мотор, кој сега е уште подобар. Новиот М 139 импресивно ја демонстрира експертизата на Mercedes-AMG“, изјави Тобиас Моерс, претседател на Mercedes-AMG.

Новиот мотор се одликува со бројни интелигентни карактеристики на дизајнот. Споредено со попречно инсталираниот четири-цилиндарски M 260 во моделите “35” или претходниот M 133 мотор, новиот Mercedes-AMG M 139 е ротиран околу својата вертикална оска за 180 степени. Ова значи дека турбополначот и издувниот колектор се поставени позади, на страната на заштитниот ѕид, а системот за всисување е позициониран на предната страна. Оваа конфигурација овозможува најлесен можен и аеродинамички поволен дизајн на предниот дел. Покрај тоа, новиот аранжман овозможува и подобрени воздушни канали со пократки растојанија и помалку пренасочувања.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close