fbpx

Mercedes-Benz со 11 нови и ажурирани модели следната година

Плановите на компанијата за новините во моделската гама за 2019 година делумно се познати

Меѓу веќе претставените, се новите модели Mercedes-Benz B-Класа и кросоверот GLE кои ќе се појават кај дилерите во првиот квартал на 2019, како и првиот во историјата на брендот електричниот кросовер EQC и трговскиот ван eSprinter.

Меѓу очекуваните, но не прикажани новини, се четири вратното купе CLA, чија што продажба треба да почне во вториот квартал следната година, како и изведбата CLA Shooting Brake, која излегува на пазарот на крајот на третиот квартал.

Mercedes-Benz GLC и GLC Coupe ќе бидат надградени до средината на 2019 година. Но, тоа нема да биде само дотерување, туку додавање на современи опции, кои треба да ја зголемат нивната продажба. Новиот кросовер, GLS, ќе биде достапен на пазарот како главен конкурент на неодамна лансираниот голем BMW X7.

Mercedes-Benz

Зад енигматичниот осми компактен автомобил веројатно е првата генерација на GLB кросоверот.

Овој модел ќе биде со дизајн во духот на GLK, во себе ќе ја има цврстината на силниот G-Класа, со сето она што им се допаѓа на купувачите во компактната A-Класа. Овој модел треба да биде презентиран кон крајот на следната година. Интересен момент е дека во табелата отсуствува моделот GLA – кросовер на база на A-Class, а тоа значи дека тој најверојатно ќе го види пазарот дури во почетокот на 2020 година.

Mercedes-Benz V-Class ќе се појави во првата половина од 2019 година. Тоа е веројатно надворешна надградба и додавање на неколку нови техно-логички опции.

Поврзани вести

Back to top button