Новиот CLS со фарови од А и внатрешност на E-класа
Mercedes-Benz објави на својата официјална страница во Инстаграм неколку фотки на новата генерација на купе верзијата со четири врати CLS
Премиерата на моделот ќе се одржи на 29-ти ноември на салонот во Лос Анџелес.
Од фотографиите, јасно се гледа дека дека предните фарови на новиот CLS ќе бидат направени целосно во стилот на следната генерација на А-класа која ќе биде достапна следната година. Другата фотка е од ентериерот, кој ќе ве потсети на Mercedes-Benz E-класа. Дигиталниот панел е интегриран во еден блок со мултимедијалниот систем – исто како и бизнис седан. Во исто време, дефлекторите на климатизерите се исти како и следната G-класа.
Други детали за новиот CLS не се објавени, па не е потврдено и тоа дали производителот има намера да го понуди моделот како караван. Причината е дека продажбата на оваа верзија во Кина и САД е многу мала, од она што се очекуваше. Истото важи и за два други големи пазари – Блискиот Исток и Русија. Таму караванот започна одлично, но постепено неговите продажни резултати паднаа.