Mercedes-Benz EQC, иднината на електричните кросовери
Насоката што ја претстави Mercedes со својот нов EQC модел, е пат што сите идни електрични кросовери треба да го применат
Mercedes-Benz вчера ја престави својата EQ класа, со електричниот кросовер EQC 400 со 4,9 секунди од 0-100 km/h во Стокхолм. Нормално дизајнот веднаш потсеќа на Mercedes, но овој модел си има сосема свој уникатен изглед што го прави сосема различен од фамилијата на бензински или дизел автомобили.
Mercedes тврди дека батеријата на моделот EQC би имала опсег од околу 450 километри.
Внатрешноста исто покажува веќе многу познат стил на Mercedes што значи нема некоја радикална промена за љубителите. Со двоен 10.25-инчен дисплеј во должина како панорама од позади воланот па се до центарот на таблата. Ќе биде имплементиран интерфејс за гласовни команди, врз кој ќе се има многу поширока контрола.
https://www.youtube.com/watch?v=1iT3TKHLq90
Опремен е со двоен мотор и два режими, предниот за Eco (економско возење) и задниот Max Range (максимален опсег). Двата мотора нудат вкупно 402 коњски сили што е сосема доволно како што видовме со забрзувањето од 4,9 секунди.