Mercedes-Benz GLE PHEV со 100 километри автономија

Пред извесен период Mercedes и официјално ја лансира новата генерација на моделот GLE

Се работи за потполно нов модел кој го замени досегашниот, освежен и новоименуван ML. Развојот на моделот не е застанат, а во меѓу верзиите кои следат е и PHEV моделот, кој на пазарот треба да се појави во текот на следната година. Тој модел на Mercedes на купувачите треба да им понуди автономија на електрична енергија од 100 километри.

Ола Калениус, шев на оделението за истражување и развој, изјави дека во Mercedes го надградуваат својот хибриден погон, кој наместо досегашните 30 km автономија, ќе има 50 km, а GLE ќе биде првиот кој ќе понуди околу 100 km.

Калениус, за жал не откри повеќе детали за погонот, но одредени гласини ја вклужуваат можноста конвенционалниот мотор да биде дизелски агрегат.

Mercedes

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close