fbpx

Mercedes-Benz го покажа GLE 2019 (Видео)

Mercedes-Benz ги откри првите детали, фотографии и видеа за GLE верзијата 2019, која ќе биде пуштена во почетокот на следната година

Со надграден дизајн и сериозно зголемена стандардна и дополнителна опрема, возилото доаѓа со нова воздушна суспензија, нов систем за препознавање на загуба на тракцијата со патот на задните тркала, нов 4MATIC систем и други, а меѓуоскиното растојание му е продолжено за 8 сантиметри.

„GLE демонстрира карактеристичен Mercedes-Benz дизајн, а во исто време останува верен на својот карактер на теренско возило“, коментира Гордон Вагенер, шеф на дизајн на Daimler AG. „Со својот јазик за дизајн, совршено ја комбинира нашата филозофија на сензуална јасност, со што се демонстрира модерен луксуз. Внатрешноста е луксузна и има елегантен дизајн, а одлично е вклопена и дигиталната технологија на нашиот MBUX систем“, додава тој.

Mercedes-Benz GLE 2019, кој ќе се произведува во Алабама, САД, ќе биде претставен за прв пат во светот за време на меѓународниот саем во Париз на почетокот на октомври, а ќе биде лансиран на пазарот со нов во линија шестцилиндричен бензински мотор.

Подоцна ќе ја видиме и хибридната верзија. GLE 450 4MATIC ќе има максимална моќност од 367 коњски сили и максимален вртежен момент од 500 Nm, а благодарение на функцијата EQ Boost, за кратко возачот ќе може да смета на дополнителни 250 Nm и 22 КС.

Поврзани вести

Back to top button