Mercedes-Benz го стопира производството на plug-in хибриди?
Mercedes-Benz целосно го прекина производството на plug-in хибриди
Ова се однесува на C-Класа, E-Класа, S-Класа и GLE. Причината за таквата акција е промоцијата на новата, трета генерација возила со ваква технологија. Сите од нив ќе бидат понудени во иднина под новиот електричен бренд на Mercedes-EQ. Моќната единица на хибридите од третата генерација вклучува нов 9-степен автоматски менувач, кој е поврзан со една спојка и електричен мотор.
Моќта на електричниот мотор во системот е 121 КС. Без моторот со внатрешно согорување, автомобилите можат да достигнат брзина од 140 km/h (тековните хибриди 130 km/h) и автономија од 50 километри (сега 40 km). Претставник на Daimler објави дека хибридната модификација најнапред ќе се појави кај S-Класата.
Новата S560e седан ќе се потпира на 6-цилиндерски бензински турбо мотор, која ја заменува S500e, а неговите продажби ќе започнат летово. Две хибридни верзии на E-Класа ќе бидат понудени веднаш со 4-цилиндерски бензински и дизел мотор. Нивната продажба ќе започне кон крајот на годината, а во пролетта 2019 година ќе биде пуштена хибридна C-Класа верзија со дизел мотор.
На крајот на следната година, корисниците ќе можат да купат и хибридна A-Класа.
За разлика од лесните модели, GLE ќе има промена на својата генерација уште во оваа година, па веднаш ќе добие и сосема нова хибридна единица. Таа ќе се потпре на хибридниот погон од S-Класа, а моделот ќе се вика GLE 560e.