fbpx

Рестилизираниот Mercedes CLS дебитира со унапреден изглед

Германскиот производител Mercedes-Benz ја претстави освежената варијанта на своето купе со четири врати, моделот CLS

Освежениот Mercedes CLS ја доживеа својата премиера. Со инстантно препознатлив изглед, освеженото купе на германскиот производител се одликува со ревидирана предна решетка и поспортски преден браник, а предниот слипер сега е хромиран. На задниот дел се наоѓа и хромираниот издувен систем во трапезоидна форма, а меѓу истиот е поставен дифузерот. Тука се и рестилизираните тркала и новата боја за екстериерот наречена Spectral Blue Metallic. Купувачите кои бараат нешто поексклузивно ќе можат да се одлучат за нови дизајнерски бои наречени Jupiter Red, Cashmere White Magno и Emerald Green.

CLS

Промените во ентериерот се релативно мали и суптилни, но тука е новиот управувач со двозонскa подлога со сензори која ги детектира рацете на возачот. Ова треба да помогне со цел да се превенираат грешките при користењето на полуавтономната возачка технологија на CLS.

Покрај ова, дизајнерите додадоа кафен трим од орево дрво, како и високо сјаен сив дрвен трим, кои пристигнуваат со новите Neva или Magma сиви, како и Sienna кафена или црна комбинација за тапацирот. Тука е и асортиманот на нови двобојни дизајнерски Nappa кожни опции во класичните црно-црвена, кафено-црна, tartufo кафена-црна, Deep бело-црна и Yacht сино-црна боја.

Mercedes во понудата ќе има и неколку дизел мотори, вклучително и базичниот 1,9-литарски четирицилиндерски мотор со 194 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Купувачите исто така можат да го изберат 2,0-литарскиот четирицилиндерски агрегат со 265 КС и 550 Nm, или пак 3,0-литарскиот шестцилиндерски мотор со 330 КС и 700 Nm максимален вртежен момент.

Кога станува збор за бензинците, Mercedes ќе го понуди CLS 350 со 2,0-литарскиот четирицилиндерски мотор со 299 КС и 400 Nm, a едно ниво погоре е CLS 450 4Matic, кој пристигнува со 3,0-литарскиот шестцилиндерски мотор кој испорачува 367 КС и 500 Nm максимален вртежен момент.

Mercedes-AMG CLS 53

На врвот се наоѓа Mercedes-AMG CLS 53, кој доби и Limited Edition верзија која ќе се продава во само 300 примероци, кои ќе се нудат во Selenite Grey Magno или Cashmere White Magno боја на екстериерот, а моделот е поставен на 20-инчни AMG тркала. Mercedes за оваа опција нуди Night Package и Night Package II како стандарден дел од опремата. Со ова, автомобилот добива асортиман на црни дизајнерски детали заедно со затемнети стакла со што CLS 53 добива поинтересен изглед. AMG Dynamic Plus пакетот исто така е вклучен, а со тоа се добиваат црвени шапи на сопирачките и Race возачки режим со Drift опција.

CLS

Во внатрешноста се наоѓа поспортскиот управувач обложен во Nappa кожа заедно со двобојниот кожен тапацир со карбонски трим, како и црвените контрастни конци.

Дискретниот фејслифт кај CLS не носи никакви промени под хаубата кај AMG 53 моделот, кој продолжува да нуди 435 КС и 520 Nm вртежен момент од 3,0-литарскиот шестцилиндерски агрегат. Овој мотор доаѓа со деветстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Интегрираниот стартер генератор дава дополнителни привремени 22 КС и 250 Nm. Ова е доволно за спринтот од нула до 100 км/ч да се достигне за 4,5 секунди, додека максималната брзина е 250 километри на час. Со опционалниот AMG Driver пакет, максималната брзина стигнува до 270 километри на час.

Продажбата на освежениот CLS во Европа ќе започне овој месец.

Поврзани вести

Back to top button