НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Престојниот концептен Mercedes ESF ќе биде речиси невозможно да се судри

Возилото ќе има најсовремена технологија за безбедност, како поврзана вештачка интелегенција која постојано ќе ја подобрува техниката за помош на возачот

Германскиот производител веќе некое време работи на новиот концептен модел, кој ќе биде опремен со иновативна безбедносна технологија која нема да дозволи овој модел да биде дел од сообраќајна незгода. Во моментот овој концептот е познат под името ESF, а од претходно го знаеме како ESV – експериментално безбедносно возило. Новиот Mercedes ESF ќе претставува најбезбедниот модел на компанијата и ќе има важна улога во долгорочната цел на производителот, односно целосното елиминирање на сообраќајните незгоди.

„Безбедноста е днк-јадрото на Mercedes и крајната цел е бројот на сообраќајни незгоди да се доведе на нула. Автономното возење и софистицираната помош на возачот се работи кои овозможуваат намалување на незгодите и зголемување на безбедноста во сообраќајот,“ изјави Ола Калениус, шеф на одделот за истражување и развој на Mercedes.

Mercedes ESF

Тoj одби да открие поконкретни информации околу технологијата на ESF, но со сигурност знаеме дека автомобилот ќе користи напреден автономен систем. Исто така, тoj навести дека поврзаната вештачка интелегенција ќе биде дел од безбедносниот систем кај овој модел.

Возилото ќе собира информации и податоци при возењето кои ќе ги споделува со централниот сервер, при што тој ќе научи подобро да ги контролира системите за помош на возачот. Сепак, доколку нешто тргне наопаку, ESF ќе биде опремен и со врвна технологија за заштита на патниците, која ќе ги оневозможи сериозните повреди.

Иако Mercedes се подготвува да го претстави новиот концепт оваа година, тешко е да се каже кога технологијата имплементирана во ESF би почнала да се користи кај производствените модели. Но, кога и да пристигне, тие се уверени дека таа ќе стартува во ликсузните модели, како моделите од S и E класата.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close