fbpx

Mercedes G-Класа ја предизвикува гравитацијата

Импресивните трикови не се нови за автомобилската индустрија

Веројатно многумина се сеќаваат на постигнувањето на Range Rover Sport, кој искачи 999 скалила на патот кон „небесните порти“ во Кина. Тоа изгледаше прилично импресивно, но сега Mercedes се обидува да го крене уште повисоко нивото со својата G-Класа.

Новата генерација на теренецот беше испратена дури на браната Пунта Негро во Аргентина, каде ѕидот е со висина од 100 метри. Видеото е така направено, да првично не се гледа никаков наклон и гледачот има чувство дека автомобилот се движи по рамна површина. Но, потоа се покажува дека тоа не е така.

„Повеќе од 40 години G-Класа се развива континуирано и ја задржува својата природа и најважните способности. Неговата ДНК е посилна од традициите, а со тоа ја предизвикува дури и гравитацијата. Веќе сме покажувале како може да се справи G-Класа во слични услови и тоа е уште еден доказ за неговите способности“, коментира Гунар Гонтенке кој е одговорен за теренските производи на Mercedes-Benz.

А за оние кои се сомневаат дека видеото е манипулирање, компанијата ветува дека на 8 март ќе објави и снимка од зад сцената на снимањето на овој импресивен трик.

Поврзани вести

Back to top button