fbpx

Mercedes ги претстави водородниот GenH2 и електричниот Actross

Mercedes го претстави својот концептен камион GenH2 кој работи на водородни ќелии, заедно со електричната варијанта на моделот Actross

Светската премиера на концепт камионот на водороден погон, Mercedes-Benz GenH2 ја најавува технолошката стратегија за електрификација на возилата на Daimler. На настанот беше претставена технологијата која се базира на водородни ќелии, а ќе има за задача да им овозможи на камионите да се движат на долги релации. Mercedes GenH2, според официјалните информации на германската компанија, ќе има автономија на движење од 1.000 километри, а според најавите, концептот ќе добие своја производствена верзија во втората половина на оваа деценија. Тестирањата на овој камион со тежина од 40 тони ќе започнат во 2023 година.

Ова возило користи течен водород кој има поголема густина во споредба со гасниот водород. Поради ова GenH2 ја добива својата автономија од 1.000 километри која може да се спореди со дизелските камиони. GenH2 камионот користи два резервоари од нерѓосувачки челик, секој со капацитет од 40 киломграми. Секој од резервоарите содржи две цевки поставени една во друга кои се поврзани со помош на вакум.

GenH2 ќе го користи и eDrive системот на Mercedes, а станува збор за осовина со два интегрирани електромотори. Оваа поставка зачувува простор и тежина во споредба со конвенционалните камиони. Концептниот камион GenH2 ќе биде опремен со два електромотори со по 230 kW континуирана моќност, односно по 330 kW максимална моќност. Максималниот вртежен момент ќе изнесува 1.577 Nm за секој електромотор, односно 2.071 Nm.

 

eActross LongHaul

Покрај револуционерниот концепт GenH2, Mercedes го претстави и електричниот еActross LongHaul кој пристигнува со автономија на движење од 500 километри со едно полнење и ветува висока енергетска ефикасност. Mercedes најави дека производството на електричниот камион ќе започне во текот на 2024 година. Освен тоа, со Mercedes-Benz eActross за дистрибуциски транспорт, кој веќе беше презентиран во 2018 година, Daimler Trucks ќе започне со сериско производство на чисто батериски шлепер следната година. Автономијата ја серискиот eActross со едно полнење на батеријата ќе биде далеку поголемо од 200-те километри на прототипот.

Mercedes

„Нашите купувачи донесуваат рационални одлуки при купување и не се подготовени на компромис со нивните камиони“, изјави Претседателот на Управниот Одбор на Daimler Truck AG, Мартин Даум.

Според најавите на Daimler, eActross LongHaul ќе биде достапен пред GenH2 камионот, односно од средината на оваа деценија. Потребната инфраструктура за полнење на камионите исто така ќе може да биде поставена порано од страна на транспортните компании на нивните складови.

Поврзани вести

Back to top button