Mercedes GLE 580 добива електрифициран би-турбо V8
Преку електрифицираниот би-турбо V8 мотор, новиот GLE 580 добива моќност од 483 коњски сили
Mercedes го проширува GLE опсегот со додавањето на новиот GLE 580, опремен со електрифицираниот V8 мотор, кој дебитираше со новиот GLS. Германските инженери го искомбинира 4,0 литарскиот V8 би-турбо бензински мотор со 48 волтна електрична архитектура и интегриран стартер генератор, кој ја отстранува потребата на ремен за погонските компоненти на предниот дел на моторот, што го прави потенок и полесно за пакување.
Излезната моќност добиена со вака изведената погонска конфигурација, се состои од 483 коњски сили и вртежен момент од 700 Nm, додека пак благодарение на EQ Boost функцијата за кратки периоди, на возачот му се овозможени дополнителни 245 Nm и 21 коњски сили.
Моќноста се пренесува до сите тркала преку новиот целосно варијабилен 4Matic систем, а E-Active Body Control системот за потпирање ветува одлично управивање на секој вид на патни подлоги.
Како и кај секој нов GLE, моделот 580 е опремен со двоен 12,3 инчен екран на допир, со интелигентна гласовна контрола, а на листата на дополнителни опции се наоѓаат активната Stop-and-Go асистенција и за прв пат во GLE, опционалниот трет ред седишта.