fbpx

Mercedes го покажа спектакуларниот MBUX Hyperscreen

Mercedes-Benz започнува една нова ера кога станува збор за технологијата во ентериерот со претставувањето на MBUX Hyperscreen

Новиот џиновски MBUX Hyperscreen е најновото технолошко ремек-дело на Mercedes. Тој претставува почеток на една нова ера кога станува збор за дизајнирањето на контролните табли во автомобилите. Новиот „хиперекран“ треба да дебитира заедно со престојниот целосно електричен EQS модел.

Заоблениот екран се протега од крај до крај и се одликува со софтвер кој е способен да учи. Целта на крајот е да го адаптира екранот и оперативниот концепт кон корисникот, правејќи персонализирани предлози.

Освен тоа, корисникот нема да мора да врти низ големиот број подменија или дури и да ги користи гласовните команди како досега, со оглед на тоа дека најважните апликации сега се постојано поставени на екранот, како во ситуациски, така и на контекстуален начин на највисокото место во прегледувањето.

„Со нашиот MBUX Hyperscreen, дизајнерската визија станува реалност. Успеавме да ја споиме технологијата со дизајнот на еден фасцинантен начин кој им нуди на купувачите невидена леснотија во користењето. Ние сакаме едноставност и достигнавме едно ново ниво на MBUX“, изјави дизајнерскиот шеф на Daimler, Горден Вагенер.

Визуелно, станува збор за неколку екрани кои се интегрирани во заоблениот панел. Исто така, се карактеризира со аналогни отвори за воздух, со што се „спојува дигиталниот и физичкиот свет“. Екраните се обложени со пластична рамка, а интегрираното амбиентално осветлување е инсталирано во долниот дел. Со ова се добива впечаток дека Hyperscreen уредот лебди на инструменталниот панел.

Совозачот исто така добива свој екран, кој е персонализирачки за до седум различни профили. Важно е да се напомене дека забавните функции на совозачкиот екран се единствено достапни за време на патувања. На пример, ако совозачкото место е празно, екранот едноставно станува дигитално украсно парче на кое се појавуваат анимирани ѕвезди.

Кога станува збор за учењето и предлозите, вештачката интелигенција ќе прави голем број предлози кои корисникот едноставно ќе може да ги прифати или одбие со само еден клик.

На пример, ако постојано се јавувате на некој пријател на пат кон дома во вторник навечер, MBUX системот ќе го запамети ова и ќе ве праша дали сакате да се јавите во тој конкретен момент и време. Со оглед на тоа дека сите MBUX предлози се поврзани со корисничкиот профил, нема да има предлози за некој друг што се вози во автомобилот.

MBUX Hyperscreen

Кога станува збор за самиот хардвер, Mercedes истакнува дека има вкупно 12 придвижувачи зад екранот на допир за „хаптички фидбек“. Исто така импресивна е и моќта на процесирање со 8 процесорски јадра и 24 гигабајти RAM.

„MBUX Hyperscreen е мозокот и нервниот систем на автомобилот. Hyperscreen постојано го запознава корисникот подобро и доставува персонализирана инфозабава и работа која се нуди пред возачот да мора да кликне некаде“, изјави членот на Бордот на Mercedes, Сажад Кан.

Поврзани вести

Back to top button