fbpx

Mercedes ја прошири поставата на EQC со две нови верзии

Mercedes-Benz ја проширува својата постава на електричниот EQC со нова базична, но и AMG Line верзија на електричниот кросовер

EQC добива две нови варијанти за пазарот во Европа, а станува збор за EQC 400 4Matic и EQC 400 4Matic AMG Line, кои ја прошируваат понудата на Mercedes за овој електричен кросовер. Новиот базичен модел ќе се продава по цена од 66.068 евра во Германија, додека поспортската верзија чини 73.208 евра.

Mercedes EQC 400 4Matic AMG Line го добива истиоимениот пакет, кој содржи црна решетка со хромирани детали, специфичен дизајн на предницата, сјајно црни инсерти, функционални Air Curtains, нови отвори за воздух, црн дифузер со хромиран трим, капаци на ретровизорите во иста боја како и каросеријата и 19-инчни тркала од лесна легура во танталумска сива боја.

EQC AMG Line

Дел од стандардната опрема исто така се и предните спортски седишта со карактеристична AMG шема, Artico кожа и Dinamica микрофибер тапацир, Nappa кожа за контролата табла, црни панели на вратите со црни конци, трим со карбонски антрацит ефект, спортски управувач обложен со кожа, спортски педали со црни гумени облоги и AMG патосници.

Новио EQC 400 4Matic AMG Line исто така добива и пакет за внатрешно светло, пакет за удобност на седиштата, прекривка за багажникот за лесно пакување, прозорци со термална и звучна изолација, напреден аудио систем, амбиентално осветлување и активен асистент за паркирање.

Почнувајќи од јануари 2021 година, Mercedes EQC добива и 11 kW полнач кој овозможува побрзо полнење на батеријата која има капацитет од 80 kWh на домашен приклучок или на јавните полначки станици. Поставката со два електромотори на електричниот кросовер испорачува 408 КС и 760 Nm вртежен момент, што му овозможува на автомобилот од нула до стотка да стигне за 5,1 секунда, додека максималната брзина е ограничена на 180 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button