Mercedes со нов концепт на детско седиште за поголема безбедност
Безбедноста на децата е најважна за родителите
Производителите на автомобили исто мислат како да ги заштитат подобро малите, а Mercedes-Benz, на пример, веќе нуди нов концепт за детска безбедност, преку визија за детско седиште, развиена засега како прототип.
Ова детско седиште е опремено со PRE-SAFE функција. Пред сообраќајка на автомобилот или евентуално надворешно влијание, безбедносните ремени се затегаат и се активираат страничните заштитни елементи. Покрај тоа, инсталирано е и следење на виталните знаци во седиштето.
Истражувањето објавено во октомври 2018 година од страна на осигурителни компании (UDV) покажува некои големи проблеми во врска со монтажата на седишта или грешки при прицврстување на ремените. Новото детско седиште е поврзано со мрежата и го намалува ризикот од дефекти со следење од сензорите на самиот автомобил.
Други карактеристики кои се вклучени се вградена камера и специјални сензори кои ја следат температурата на детето, срцето, дишењето и состојбата на спиење. Дали ова седиште ќе биде развиено во сериско производство, се уште не е познато. Сепак, според Mercedes, некои од воведените иновации најверојатно ќе бидат претставени подоцна.