fbpx

Mercedes подготви низа освежувања за AMG GT 4-Door Coupe

Mercedes-AMG подготви неколку освежувања и промени за GT43 и GT53 4-Door Coupe моделите за моделската 2024 година

Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe влегува во моделската 2024 година во Европа со неколку ревизии за моделите со шест цилиндри. GT43 и GT53 имаат редизајнирана предна маска која е инспирирана од посилниот GT63 со V8 погон. Според луѓето од Афалтербах, страничните доводи за воздух заедно со централниот довод имитираат профил со млазни крила.

Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe

Ако верзиите со шест цилиндри се специфицираат со новиот пакет за стилизирање на V8, GT43 и GT53 ќе личат уште повеќе на GT63. Решетката на ладилникот се отвора дополнително надолу од црната серија AMG GT од која динамичното дуо црпи инспирација за широкиот долен довод на воздух и воздушните дефлектори на надворешните рабови. Mercedes, исто така, дотерува некои од постоечките пакети и воведува нова боја наречена „Opalite White Metallic“.

Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe

Во иднина, Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe ќе се продава со проширена палета на стандардна опрема која вклучува електричен лизгачки покрив и подлога за безжично полнење поставена помеѓу задните седишта. Дополнително, инфозабавниот систем MBUX е ажуриран со преработени дисплеи специфични за AMG. Оние кои ќе го изберат опционалниот звучен систем Burmester ќе добијат технологија Dolby Atmos.

Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe

Под хаубата нема промени каде што GT43 и понатаму останува со 372 КС и 500 Nm вртежен момент. Спринтот од место до „стотка“ се достигнува за 4,9 секунди пред да достигне максимални 270 км/ч. Што се однесува до GT53, тој има 440 КС и 520 Nm и притоа се намалува времето на спринт на од место до „стотка“ на 4,5 секунди, но се зголемува максималната брзина на 285 км/ч. И двата се благи хибриди и имаат електричен мотор кој е добар за привремено засилување од 22 КС и 250 Nm.

Дизајнот на тркалата е ист како порано, додека изборот на тапацирот е исто така пренесен.

Поврзани вести

Back to top button