fbpx

Mercedes го подготвува својот најпаметен мал модел

Компанијата Mercedes-Benz официјално објави дека ќе ја претстави новата генерација на моделот CLA за време на саемот за електроника, која започнува во Лас Вегас на 8 јануари.

Германскиот производител покажа и слика на моделот, а во најавата го прогласи за „најпаметен и повеќе емоционален“ автомобил во оваа класа. Интересно е тоа што како дизајнер на овој автомобил се јавува македонецот Славче Таневски. Од Mercedes потврдија дека следниот CLA ќе добие нов мултимедијален систем User Experience (MBUX), кој ќе го замени досегашниот. Тој располага со вештачка интелигенција и може сам да се обучава и да врши сложени гласовни команди.

Новиот Mercedes-Benz CLA е изграден на платформата MFA создадена специјално за автомобили од компактната класа. Благодарение на таа шасија, моделот ќе порасне, а ентериерот ќе биде повеќе простран. По смената на генерациите возилото ќе ја задржи и модификација „Shooting Brake“.

Машината ќе ја подели палетата мотори со новата A-Class, каде влегува и новиот 1.4 литарски бензински турбомотор развиен во соработка со француската компанија Renault. Моќноста на бензинските и дизел агрегати ќе се движи од 120 до 230 КС.

Ќе има и AMG-верзија, која ќе добие модернизиран турбомотор со 4 цилиндри и зафатнина  од 2.0 литри. Кај неа моторот ќе работи со 48 волтни батерии, мал електромотор и турбина. Моќноста на единицата ќе надмине 400 КС.

Поврзани вести

Back to top button