fbpx

Mercedes ќе понуди две поскапи верзии на G-класа

Германскиот производител Mercedes-Benz ќе им понуди на своите клиенти две верзии на теренецот G-класа, кои ги немаше кај претходната генерација на моделот

Ова беше потврдено од Ган Гутенке, проект менаџер во Mercedes, во интервју за Auto Express… Во моментов во палетата на новиот Gelendenwagen е модификацијата G 63, која треба да биде дополнета од верзијата S. Нејзиниот развој е дело на единицата AMG, а најверојатно ќе се вградува сегашниот најмоќен мотор за моделот – 4.0 B-Turbo V8, кој во новиот G 63 развива 577 КС и 850 Nm.

Со S-верзијата на моделот моќноста ќе надмине 600 КС. Не се исклучува можноста и новата варијанта на теренецот да го добие името G 73, бидејќи не е тајна дека Mercedes-Benz веќе го регистрира ова име. Втората модификација на G-класата ќе биде понудена под брендот Maybach. Кај претходната генерација компанијата направи луксузен и многу скап Mercedes-Maybach G 650 Landaulet со V12 мотор кој излезе во ограничена серија. Секоја од машините беше продадена за 750.000 долари.

G-класа

-Ние сакаме да продолжиме со оваа традиција, така што појавата на ваков автомобил кај новото поколениe на G-класата е целосно логичен потег, коментира Гутенке.

Излегувањето на двете нови модификации ќе им овозможат на компанијата да се зголеми продажбата на моделот, кои во моментов се горе-долу на едно ниво во Европа и САД – односно 5.457 на Стариот континент и 4.188 единици преку Океанот.

G-класа

Поврзани вести

Back to top button