fbpx

Mercedes прави компромиси за да го привлече VW во Formula 1

Шампионскиот тим на Mercedes е подготвен да ги прифати новите регулативи со кои ќе се отвори патот за влез на VW групацијата во Formula 1

Formula 1 тимот на Mercedes е подготвен да се согласи на поедноставување на моторната поставка од 2026 година со цел да го привлече VW во Formula 1. Ова го истакна шефот на Mercedes-AMG F1 тимот, Тото Волф, по состанокот меѓу тимовите околу новите регулативи за моторите.

Дискусијата вклучуваше членови на F1 менаџментот, официјални лица на FIA и претставници од постоечките и потенцијални производители на мотори, вклучително и Volkswagen.

VW Formula 1

Turbo-Hybrid Formula One моторната единица се користи од 2014 година. Истата вклучува два клучни системи, наречени MGU-H и MGU-K. Предложените поедноставувања вклучуваат отфрлање на MGU-H елементот од актуелните мотори. MGU-H (Motor Generator Unit -Heat) е она што ја рекуперира и ја складира енергијата во и од турбополначот. MGU-K е она што ја складира кинетичката енергија од сопирањето и ја испорачува до тркалата.

Со оглед на тоа што се повеќе производители се оддалечуваат од моторите со внатрешно согорување, новата моторна единица е клучот за Formula 1 да остане релевантна.

VW Formula 1

Според Motorsport, шефот на Mercedes F1 изјавил дека отстранувањето на MGU-H е компромис, но ќе биде направен ако помогне VW да влезе во Formula 1.

„Не можам да зборувам за другите, но во Mercedes, ние сме подготвени да направиме потег со цел да овозможиме влез на Volkswagen групацијата. Сепак, постојат уште неколку други теми за кои мора да се постигне компромис“.

Formula 1 останува со само три производители на мотори

Volkswagen групацијата наводно била застапена на дискусијата преку два свои бренда – Audi и Porsche. Formula 1 ја прифати хибридната технологија, но насочување кон целосно електричен погон, како што прават повеќето патнички автомобили, без дилеми ќе влијаат на сликата на спортот. Наместо тоа, најбрзиот циркус на планетата ја базира својата иднина на био горивата.

VW Formula 1

Оваа година болидите користат 5,75 процентна мешавина на био гориво, а оваа формулација ќе се зголеми до 10 проценти (Е10) следната година. Планот е да се пренасочат на трета генерација на био гориво, исто така позната како е-гориво, до 2030 година. Ваков потег би можело да го привлече Porsche, кој веќе експериментира со своја тркачка програма со е-гориво.

Porsche претходно покажа интерес за влез во Formula 1, а германската компанија дури направи и мотор кој се поклопува со регулативите од 2021. Се чини дека кога тие ја разгледувале можноста за влез, MGU-H уште еднаш се покажала како клучна точка за брендот од VW групацијата кој се надеваше дека компонентата ќе биде отфрлена од моторните единици.

Со оглед на тоа дека Honda ја напушта F1 на крајот од 2021, Formula 1 ќе остане само со три снабдувачи на мотор кои прават патнички автомобили – Mercedes, Ferrari и Renault. Red Bull ќе биде четвртиот производител на мотори, кој ќе ги презеде погоните на Honda, но останува нејасно како нивната технологија може да се пресели во продукциски модел.

Поврзани вести

Back to top button