fbpx

Mercedes со тизер од новиот GLA

Пред официјалното деби на кросоверот закажано за 11 декември, производителот ни дозволи да ѕирнеме во внатрешноста на моделот

GLA претставува најмалиот кросовер на компанијата, кој на 11 декември го добива своето ново продолжение. Со цел да ја подигне возбудата на публиката, Mercedes објави тизер фотографија од внатрешноста на моделот.

Најновите зафати во внатрешноста на кабината на малиот кросовер ни се веќе добро познати, бидејќи амбиентот го видовме веќе во седумте компактни автомобили што ги лансираше марката во последните две години. Акцентот на сликата е ставен на безбедносните системи на GLA, конкретно на системот за детектирање на слепа точка, со опција за предупредување при излез односно при отворање на вратата.

Следниот GLA ќе биде еден од најпознатите технолошки напредни мали кросовери на пазарот. со оглед на тоа дека Mercedes ќе лансира технологија што варира од активна помош на сопирачките, па се до предупредување кога пешаците се наоѓаат во близина на пешачките премини.

За разлика од својот претходник, новиот GLA ќе биде повисок за 10 cm. Официјалната премиера ќе биде одржана на онлајн-настан, на 11 декември.

Поврзани вести

Back to top button