fbpx

Еден милион Fiat Panda од четвртата генерација

Милионитиот автомобил беше произведен во фабриката Вико Помилијано д`Арко во Неапол

Автомобилот е City Cross 1.2 69 HP, со бела боја и off-road дизајн. Panda предлага три различни модификации- функционален градски, ултра-компактен и стилски градски кросовер. Од стартот на производството на моделот од 1980 година досега се произведени повеќе од 7,5 милиони автомобили. Оваа бројка го нагласува успехот на моделот, како спред продажба така и со мошне добро прифатените технолошки иновации во својот сегмент.

Panda

Пример за ова се лансирањето на Panda 4×4 во 1983 година, како прв ваков модел во сегментот на пазарот. Во 2004 година, Fiat Panda успеа да стане првиот градски автомобил што стигнал до базниот камп на Еверест на надморска височина од 5.200 метри. Овде треба да се спомене и употребата на дизел мотор во едно вакво остварување во 1986 година. Долгорочниот успех на моделот е одбележан во 2006 година кога Fiat Panda стана првиот масовен градски автомобил на метан.

Од тогаш, од година во година, ова е, исто така, најдобро продаваниот метан автомобил во Европа и Италија. Во февруари оваа година беше произведен 300.000-от автомобил, што е апсолутен рекорд за мало возило кое работи на метан. Успесите на автомобилот ја обврзуваат и Fiat Panda не запира – денес тоа е единствениот автомобил во сегментот понуден со избор меѓу четири мотори – бензин, дизел, бензин-метан и бензин- LPG во три конфигурации.

Поврзани вести

Back to top button