Минхен 2025: Renault ја претстави шестата генерација на Clio

Renault Clio од шестата генерација пристигнува со целосно нов дизајн, дигитален ентериер, напредни системи за безбедност и хибридни мотори

На саемот за автомобили во Минхен, Renault ја претстави шестата генерација на популарниот модел Clio. Иако се базира на познатата CMF-B платформа, новиот Clio носи целосно нов дизајн инспириран од концептот Emblème, со што францускиот бестселер влегува во нова ера по 35 години историја.

Renault Clio

Модерен дизајн со практични решенија

Новиот Clio добива поелегантни линии и динамична силуета, со скриени рачки на задните врати и купе-стил завршница. Предниот дел потсетува на Ford Fiesta, додека задниот дел нуди поуспешна комбинација со препознатлив изглед и подобрена практичност – пониската задната ивица овозможува полесен пристап до багажникот.

Моделот е долг 4.116 мм, што е за 67 мм повеќе од претходникот, а меѓуоскиното растојание е зголемено за 8 мм. Висината и ширината исто така се минимално зголемени, но Clio останува верен на својот компактeн карактер.

Renault Clio

Внатрешност инспирирана од Renault 5 EV

Ентериерот добива целосна трансформација со споен дигитален инструментален панел и централен екран кај повисоките нивоа на опрема. Основните верзии ќе располагаат со поедноставен таблет-дисплеј, но сите верзии добиваат интеграција со Google Maps, Google Assistant, Google Play, како и безжично Android Auto и Apple CarPlay.

Renault Clio

Премиум изведбите, како Esprit Alpine, носат дополнителни детали како безжично полнење на телефони, Alcantara завршница и опционален 410W Harman Kardon аудио систем развиен со музичарот Jean-Michel Jarre.

Погон и мотори

Иако EV верзија засега нема, Renault нуди повеќе хибридни опции. Најмоќниот е 1.8-литарскиот E-Tech full hybrid со 158 КС, кој емитува само 89 g/km CO₂ и до 80% од градското возење го поминува исклучиво на струја. Забрзувањето до 100 км/ч е 8,3 секунди – за секунда подобро од претходникот.

Втората опција е 1.2-литарскиот TCe со 113 КС, достапен со мануелен менувач. Во други европски пазари ќе се нуди и LPG верзија со 118 КС и опција за автоматски менувач со двојна спојка. Дизелите целосно исчезнуваат од понудата, но се очекува иднина Alpine спортска верзија.

Технологија и безбедност

Новиот Clio доаѓа со дури 29 системи за асистенција на возачот. Во нив спаѓаат Emergency Stop Assist, адаптивен темпомат и иновативниот Safety Score систем кој го анализира стилот на возење и дава совети за подобрување. Со едно копче „My Safety Switch“ возачот може да исклучи до пет функции одеднаш.

Пазар и достапност

Renault Clio 6 ќе се продава во верзии Evolution, Techno и Esprit Alpine. Продажбата ќе започне до крајот на годината, а цената на европските пазари ќе изнесува нешто под 20.000 евра, со што Clio ќе остане еден од најдостапните модели во класата, поевтин дури и од новиот Renault 5 EV.

Поврзани вести

Back to top button