Минхен 2025: Stellantis го претстави својот кинески адут Leapmotor B05
Leapmotor B05 дебитира во Минхен како компактен електричен хечбек со атрактивна цена под 30.000 евра и се очекува во Европа во 2025 година.

На автомобилскиот саем во Минхен, Stellantis и кинескиот партнер Leapmotor го претставија B05, нов компактен електричен хечбек кој има цел да им конкурира на VW ID.3 и MG 4 на европскиот пазар. Моделот во Кина е познат како Lafa 5, но на Стариот континент ќе се продава под името B05, со почеток на производството во 2025 година.

Дизајн и позиционирање
B05 е ниско поставен хечбек кој ја нуди попрактичната и поелегантна алтернатива на веќе достапниот B10 кросовер. Дизајнот вклучува затемнети LED светла поврзани со тенка предна маска, спортски браници, frameless врати и LED лента по целата ширина на задниот дел – естетика што потсетува на Porsche.
Прототипот изложен во Минхен беше обоен во впечатлива жолта боја со црни детали и 19-инчни алуминиумски тркала. За европскиот пазар, автомобилот ќе остане речиси идентичен со кинеската верзија, а дополнително ќе се понуди и Ultra пакет со спортски браник, поголемо задно крило и поагресивен изглед.

Димензии и платформа
Новиот Leapmotor B05 е долг 4.430 мм, широк 1.880 мм и висок 1.520 мм, со меѓуоскино растојание од 2.735 мм – исто како кај B10 кросоверот. Моделот се очекува да ја користи LEAP3.5 архитектурата, што значи опција со еден електромотор од 215 КС и две батериски конфигурации: 56,2 kWh и 67,1 kWh. Поголемата батерија во B10 обезбедува до 434 км WLTP домет, па слична автономија се очекува и за хечбекот.

Технологија и ентериер
Иако комплетниот ентериер сè уште не е прикажан, B05 најверојатно ќе го сподели 14,6-инчниот централeн екран со B10, управуван од Snapdragon 8155 процесор и новиот Leap OS 4.0 Plus систем. Stellantis истакнува дека шасијата е развиена со нивна инженерска поддршка, со идеална распределба на тежината 50:50 и повеќелинкoвa задна суспензија, што би требало да гарантира прецизни возни својства.
Цена и позиција на пазарот
Цената на B05 не е објавена, но се очекува да биде пониска од цената на B10, кој во Европа стартува од 29.900 евра. Со тоа, моделот ќе биде поевтин од VW ID.3, кој моментално чини околу 33.300 евра на германскиот пазар, што го прави Leapmotor B05 атрактивна опција за купувачите кои сакаат модерен и пристапен електричен хечбек.











