Mitsubishi го покажа освеженото лице на Pajero Sport

Базиран на L200, јапонскиот бренд го покажа освежениот изглед на Pajero Sport, пред официјалната премиера на 25 јули

Кон почетокот на оваа година, јапонскиот SUV беше забележан за време на тестирањата во Шведска, а сега пред речиси самата премиера, Mitsubishi го откри неговиот освежениот изглед. Инаку, откривањето на новиот Pajero Sport е закажано за 25 јули во Тајланд.

Фејслифтираниот SUV е базиран на L200, а сликата го покажува изгледот на предниот дел, од каде може да се забележи дека Pajero Sport има многу сличноси со редизајнирата верзија на моделот L200.

Pajero

Познатиот Dynamic Shield дизајн е пресаден и кај Pajero Sport, со идентични решетка и фарови, каде новитет е LED потписот, кој ќе го карактеризира овој модел. Браникот доаѓа во малку поспортско издание, додека пак вториот пар светла се чини дека имаат поинаква форма. Компанијата не произлезе со детали околу овој модел, но се изјаснија дека подобрувања се направени и во поглед на дизајнот, удобноста и квалитетот.

Со оглед на силната врска со фасилитираниот L200, можеме да очекуваме и Pajero Sport да го понуди истиот 2,4 литарски турбо дизел кој испорачува 178 коњски сили при 3.500 вртежи во минута и 430 Nm вртежен момент на 2.500 вртежи во минута.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close