Mitsubishi Pajero Sport доби своја освежена верзија

Освежувањето на Mitsubishi Pajero Sport забележува ревизија во дизајнот, подобрена технологија и дополнителни безбедносни системи

Промените во изгледот се најзабележливи во предниот и задниот дел, каде новото лице на Pajero Sport е повеќе во согласност со ажурираниот Triton, на кој тој се базира. Клучни промени вклучуваат ревидирани фарови и светла за магла, нова решетка, браници и нови алуминиумски тркала, кои допринесуваат кон поцелосен изглед.

Задните светла добиваат ревидирани внатрешни LED, а рефлекторите сега се интегрирани во новиот браник. Поставен е и заден спојлер, кој го нагласува спортскиот акцент на моделот.

Промените продолжуваат и кон внатрешноста, со новиот 8,0-инчен инфозабавен систем со екран на допир, кој подржува Apple CarPlay и Android Auto, а тука е достапен и дигиталниот инструмент-кластер. Mitsubishi го усовршува амбиентот на кабината со додавање на повеќе кожни површини и освежување на централната конзола, додека во вториот ред се наоѓа нов 12 волтен приклучок, како и USB порти.

Надградбите се заокружени со засилен безбедносен пакет, со асистент за промена на коловозна лентата и за прв пат, систем за предупредување при сообраќај во задниот дел. Како и претходно, Pajero Sport се напојува со 2,4 литарскиот четири-цилиндарски турбо-дизел мотор, со моќност од 180 коњски сили и вртежен момент од 430Nm, пренесени преку опционалниот погон на четири тркала и осум-степен автоматски менувач.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close