fbpx

И Mitsubishi веќе има поделба за специјални модели

Mitsubishi е новата марка која оформи сопствена поделба за специални модели - Special Vehicles Projects (SVP)

Вакви одделенија веќе имаат Mercedes, Nissan, Jaguar, Land Rover, Renault со Renault Sport и други.

SVP го претстави своето ново остварување, пикапот Barbarian SVP II, базиран на популарниот L200, а специјалната верзија е наменета за британскиот пазар. Модификацијата пристигнува со двобојна каросерија.

– Barbarian SVP II излегува на пазарот со опремата на L200, плус 17-инчни тркала во црно и портокалова боја, со гуми за секаков терен, „набилдани“ браници, нова предна маска и шини на покривот. Нови се и прстените на фаровите за магла, како и рамките на Стоп светлото, како и одделни елементи на рачките на вратите, сите тие нагласени во портокалова боја.

Оваа боја нашла сериозна примена во ентериерот, каде исто така, ставен е акцент на одделни елементи на седиштата, теписите на подот, страниците на вратите… Дел од сериската опрема е системот на Mitsubishi Smartphone Link Display Audio, сензорите за дожд и затемнување, пристапот до кабината без употреба на клуч, Bluetooth функција, Bi-Xenon фарови со интегрирани во нив LED дневни светла, контрола на патувањето и камера позади.

Пикапот е управуван од целосно алуминиумски 2.4-литарски турбодизел кој работи со 6-брзински мануелен менувач или 5-степен автоматски, кој има лостови на воланот за менување на брзините. Системот 4х4 може да го префрла погонот помеѓу две и четири тркала при брзини до 100 km/h на секакви површини.

Испораките на Barbarian SVP II започнуваат во мај, а цената на пикапoт тргнува од 29.830 фунти.

 

Поврзани вести

Back to top button