НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Моделот VW T-Cross со пет различни верзии на опремата

Компанијата Volkswagen откри нови детали за најмалиот кросовер во палетата и објавува фотографии на прототипот, покриен со мала камуфлажа

Субкомпактниот T-Cross ќе дебитира наесен, а ќе добие пет варијанти на опрема и подвижен втор ред седишта. Во Европа, VW T-Cross ќе стане петтото име на брендот во семејството на кросовери. Палетата мотори на кросоверот ќе се состои од 3-цилиндерски агрегат со зафатнина од 1.0 литар (со 95 и 115 КС), 4-цилиндерски 1.5 TSI со 150 КС и 1.6 со 95 КС и 250 Nm вртежен момент. Менувачите се со пет и шест брзини мануелни, како и роботизиран со две спојки.

Во опремата на моделот ќе влезат 18-инчни фелни, дигитален инструмент-панел, мултимедијален систем со 8-инчен дисплеј, безжичен полнач за паметни телефони, 4 USB- влеза и аудио Beats со моќност од 300 вати. Волуменот на багажникот на кросоверот ќе биде 455 литри, а при преклопување на задните седишта тој се зголемува до 1.281 l. Задните седишта ќе бидат отстранливи и може да се повлечат напред за 15 cm.

Nissan Juke, Citroen C4 Aircross и Peugeot 2008 ќе се меѓу главните конкуренти на VW T-Cross во Европа.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close