fbpx

Моќна „ергела“ во Скопје

Премиум релито Софија – Свети Влас е настан кој на уникатен начин спојува запознавање на интересни дестинации, неверојатните журки и моќни и атрактивни автомобили

Граѓаните на македонската метропола ќе имаат ретка прилика да се запознаат со моќните машини дел од релито на плоштадот Македонија, в четврток во 13 часот. За прв пат релито во кое свое учество земаат ексклузивни автомобили ќе ја посети Македонија на иницијатива и покана од Park Hotel & SPA Skopje.

Во центарот на градот, на плоштадот Македонија, на 07.06 (четврток) од 13:00 часот љубителите на спортските и моќни автомобили ќе можат да уживаат во повеќе од 40 лимитирани серии на возила.

Меѓу „ѕверките“ кои ќе протатнат низ улиците на Скопје и ќе бидат на градскиот плоштад се: Lamborghini Aventador Spyder – со преку 700 КС, во исклучително убаво „пакување“, AUDI R8 PLUS – со 10-цилиндарски мотор, суштински врв на германската технологија, Ferrari 488 – носител на награда „Супервозило на годината“ од Top Gear, Aston Martin DB11 – изборот на Џејмс Бонд, AMG GT R – специјално чудовиште, Mercedes-Benz C63 S Coupe- оптимизиран од Manhart со преку 700 „коњи“, Nissan GT-R Black Edition – репер за добра „јапоска макина“, Porsche 991 Turbo S, Polaris Slingshot…

Кулминацијата ќе биде организираното шоу на плоштадот Македонија, каде на сите присутни за време на настанот ќе им биде овозможено да ги видат одблизу и да се фотографираат со егзотичните возила.

Поврзани вести

Back to top button