НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Mustang станува електричен кросовер?

Еден од најпознатите култни модели на Ford ќе се здобие со необична верзија, поточно кросовер

Ова може да се долови од изјавата на потпретседателот, Џим Фарли, за време на состанокот со медиумите во Централата на Синиот овал во Дирборн.

Раскажувајки за производствената стратегија на компанијата, Фарли опишал еден од идните проекти како „четиривратен SUV Mustang”. Кросоверот ќе биде целосно електричен и најверојатно ќе го добие името Mach 1, кое се користеше за последен пат во 2004 година, но кое е сепак заштитено од страна на компанијата. Не се знае како ќе реагираат на идејата обожавателите на „нормалниот” Mustang?!

Ford има навика да врши смели експерименти со „коњчето“, кои секогаш го постигнуваат саканиот ефект. Во 70-тите години на минатиот век, со втората генерација на Mustang, Американците го претворија од „масл машина“ во анемичен хечбек и репутацијата на моделот понесе таков удар и успеа да се опорави дури во почетокот на новиот век.

Mustang

Клучни зборови

Поврзани вести

Close