fbpx

Mustang Mach-E со поинаков изглед и спецификации доаѓа во Европа

Ford својот Mustang Mach-E пред европската јавност премиерно го претстави вчера во Лондон, а првите испораки се очекуваат кон крајот на годината

Откако во Ford одлучија да им се приклучат на останатите производителите кои ќе го прескокнат годинешниот Саем за автомобили во Женева, во американскиот автомобилски гигант донесоа решија својот прв електричен автомобил, Mustang Mach-E, пред Европјаните да го претстават во Лондон, во рамките на манифецијата на Ford, Go Electric.

Радикално поинаков од оригиналот чие име го носи, електричниот кросовер на Ford, Mustang Mach-E, ќе биде подесен за оптимално да одговори на очекувањата и навиките на европските возачи, но и европските патишта, а во инженерскиот дел на Ford за таа цел го рекалибрираа управувачкиот систем, системот на потпирање, функцијата за ESP и има специјално прилагоден погон на сите четири тркала, за верзијата која доаѓа со таа опција. Цените и останатите детали за европскиот пазар допрва треба да бидат откриени.

Mach-E

Во американската компанија не објавија колку купувачи во Европа веќе го резервирале својот електричен Mustang Mach-E, но истакнаа дека поголемиот дел се одлучиле за верзијата со заден погон која го вклучува најголемиот понуден капацитет на батериите, а тоа е 98,8 kWh со кој Mach-E, според WLTP нормите, со едно полнење би требало да има автономија од 600 километри.

Покрај учеството во проектот IONITY заедно со компаниите BMW, Daimler и Volkswagen, кој до крајот на годината ќе резултира со инсталирање на 400 станици за брзо полнење ширум Европа, амбициите на Ford се потврдуваат и со фактот дека за купувачите во Европа ќе инсталираат и 1.000 сопствени полначи.

Цените во Европа ќе бидат познати наскоро, во САД веќе се објавени

Иако купувачите во Европа први ќе го добијат новиот Mustang Mach-E, цените се уште не се познати, додека во САД, електричниот кросовер се нуди во пет верзии, со почетна цена од 43.895 долари, не сметајќи ги субвенциите. Базичниот модел со заден погон има батерија со капацитет од 75,7 kWh, 285 КС и автономија од околу 370 километри. На спротивната стана е топ варијантата GT која чини 60.500 долари. Овој модел има автономија од околу 378 километри, а располага со 465 КС и 830 Nm. Mustang Mach-E GT од 0 до 60 милји на час (0-96 km/h) забрзува за околу 3,5 секунди.

Во внатрешноста на електричниот кросовер на Ford доминира голем, 15,5-инчен екран за мултимедијалниот систем, слично како кај некои модели на Tesla, преку кој се подесуваат разните команди и функции во автомобилот. Станува збор за последната генерација на Ford SYNC мултимедијалниот систем кој поддржува и гласовни команди.

Поврзани вести

Back to top button