ЗАБАВАНАСЛОВНА

Надал ќе означи старт на трката 24 часа Ле Ман

Тениската ѕвезда, Рафаел Надал, ќе даде знак за официјалниот почеток на 86-тото издание на маратонската трка 24 часа Ле Ман на 16 јуни, објавија организаторите на трката

Рафа има 10 титули на Отвореното првенство на Франција во тенис и по завршувањето на турнирот на „Ролан Гарос”, ќе остане во земјата и за стартот на трката 24 часа Ле Ман, која започнува во 16 часот по македонско време.

-Во јуни Франција е во центарот на вниманието на спортските фанови, главно поради „Ролан Гарос“ и Ле Ман, објасни Надал. – Горд сум на постигнувањата на Отвореното првенство на Франција, тоа е најважниот турнир во целата моја кариера. Круна во Франција за мене е што ќе дадам старт на трката во Ле Ман, сигурен сум дека тоа е незаборавна возбуда.

Ле Ман

Пред Надал чест да означат старт на трката имале личности од рангот на Џовани Ањели, Ален Делон, Џеки Икс, принцот Алберт, Лука ди Монтеѕемоло, Жан Тод, Лук Бесон, Дон Панос, Бил Форд, Бред Пит и Чејс Кери, новиот шеф од Формула 1.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close