Нов автомобилски бренд се појави во Северна Кореја
Нова автомобилска марка, Naenara, се појави во Северна Кореја, со модели опремени со богата опрема
![Naenara](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2018/01/N-n-4-780x405.jpg)
Тоа на својата страница на Twitter го објави историчарот и преведувач, Мартин Висер, кој важи за најголем познавач на збиднувањата во Северна Кореја.
Гамата на новиот бренд ќе вклучува автомобили, кросовери, компактни и средни автобуси, како и мали камиони. Заега е познато дека моќта на автомобилите ќе биде помеѓу 74 и 108 коњски сили. Акцентот на Naenara ќе биде удобност, бидејќи моделите ќе добијат клима уред, електрични странични прозорци, серво управувач, парктроник, па дури и Start/Stop систем.
Корејците ветуваат максимална брзина од 120 до 180 km/h, како и потрошувачка на гориво до 50 грама на километар, но не се наведува дали е бензин или дизел. Во Северна Кореја функционираат неколку компании за производство на автомобили, главно монтажа на камиони, автобуси и теренски возила. Освен тоа, Pyeonghwa Motors е компанија со заедничко вложување од Јужна и Северна Кореја, која произведува патнички автомобили.