ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Најбрзите, најлудите и најретро моделите на SEMA

Со завршувањето на SEMA 2018, можеме да издвоиме едни од најинтересните прикажани модели на ова шоу

Кон крајот на изминатиот месец започна четири-дневната тјунинг конвенција наречена SEMA, кое се одржува секоја година во Las Vegas. На ова шоу можеше да се видат разни лудо-модифицирани автомобили, од ретро па се до најновите модели. Листата е предолга, па затоа ги издвојуваме дел од најинтересните и најспецифичните возила.

Оваа листа ја започнуваме со она што може да се рече дека е врв во тјунингот. Дали е можно да се вградат уште модификации во овој автомобил? По се изгледа дека не…

sema

Еден од највпечатливите возила, кое зрачеше со агресивност беше екстремно нискиот Lamborghini Aventador во одлична тиркизна боја.

sema

Возилото кое привлече најмногу погледи на ова шоу а и ја разбуди љубопитноста кај публиката, беше изгорениот Mercedes Maybach S-Class, за кој дечките од Форџиато одлучија дека е одличен избор за да ги покажат своите нови 22-инчни фелни.

sema

Како што веќе беше најавено, Ken Block искористи прилика на овој настан да го покаже свoето ново возило, модифицирано за десеттото издание на Gymkhana. Се работи за Ford F-150 од 1976 година, погонуван е со специјално модифициран Ford Performance V6 EcoBoost мотор, кој испорачува неверојатни 941 коњски сили со 7.400 вртежи во минута.

sema

Место на ова шоу зазема и еден од најнепривлечните модели на Lamborghini, SUV моделот со 660 коњски сили, кој беше прикажан во бело издание.

sema

Многу погледи привлече и одлично модифицираната Supra, со екстремно големиот спојлер во задниот дел.

sema

Се чини дека Lamborghini има прилично голем број на преставници на ова шоу, па така ви го прикажуваме и овој Huracan, со специфичен wrappin и дури четири различни фелни…

sema

Тука можеше да се задоволи и апетитот на GT-R фановите, со еден ваков прекрасно модифициран автомобил.

sema

Бесниот Dodge Demon во интересно портокалово wrapping издание.

sema

Сината изведба на Lexus RC F, во прилично грубо издание на само неколку милиметри од подот.

sema

За љубителите на јапонските возила, SEMA им пружи прилика да погледнат еден прилично добро модифициран Type-R.

sema

Ова шоу Ford исто така го искористи да ни ја претстави карбонската серија на суперавтомобилот GT.

sema

Како освежување на SEMA, добро дојде и скромно модифицираниот Tesla Model S.

sema

Модифициран со многу компоненти од другите икони на Ferrari, сивиот Ferrari 328 GTS има навистина добар изглед. Она што беше интересно кај овој модел, беа страничните ретровизори кои многу наликуваат на мали ламби.

sema

Во едно многу поинакво издание можеше да се погледне и Subaru Impreza, која во предниот дел имаше карактеристично широк сплитер.

sema

Екстремен ретро модел во издание од 1000 коњски сили и V8 мотор, беше прикажан Dodge Charger Hellephant.

sema

Земен од најновата Corvette ZR1, 775 коњскиот мотор директно префрлен во класичниот Chevrolet Chevelle Laguna, претставува одличен рестомод.

sema

Облечен во модерна класична облека, со 2,0 литарскиот тубро мотор со повеќе од 700 коњски сили, Ford Escort RS200 претставуваше вистински иконски рели автомобил.

sema

Едно од возилата кое привлече најмногу внимание на ова шоу, беше и прекрасниот Dodge Charger кој му припаѓаше на Дом Торето од Fast and Furious. Овој филмски автомобил е погонуван од V8 мотор со моќност од 500 коњски сили.

Во прилог може да ја погледнете галеријата интересни возила.

Поврзани вести

Close